Во пожар во трговскиот центар „Зимска вишна“ во Кемерово бројот на жртви се искачи на 48 жртви, а непозната е судбината на 16 лица, изјави министерот за вонредни ситуации на Русија, Владимир Пучков. Спасувачите само во кино салата пронашле 13 тела.
Руските портали пишуваат дека пожарот во трговскиот центар почнал во соба со трамболина. Според првите информации, дете со запалка запалило сунѓер.
Пожарот зафатил 1.500 метри квадратни од трговскиот центар, а смртта кај децата и возрасните била предизвикана од труење.
Евакуирани се над стотици лица. Извршниот комитет на Русија покренал истрага.
Person jumps from blazing shopping centre in Kemerovo, 4 dead – reports – via @Ruptly pic.twitter.com/b3wJdEaY10
— Real News Line (@RealNewsLine) March 25, 2018