(ВИДЕО) Девојка ги вознемирила сите со снимка од Чернобил: Изела радиоактивни јаболки и еве што се случило

Ни 31 година по катастрофата во Чернобил, животот во околината на поранешната советска нуклеарна електрана не се вратил поради високиот степен на радиоактивност. Тоа не спречило една девојка на местото кое и денес се смета за опасно, да снима видео клипови и да ги објавува на својот канал на ЈуТјуб. Запознајте ја девојката која јаде “радиоактивни јаболки”.

Нејзиното име “бионерд23”, всушност тоа е нејзиното име на каналот на ЈуТјуб. Својот идентитет не сака да го открие, а сака да ја знаат по името на нејзиниот прилично посетен ЈуТјуб канал. Се претпоставува дека е Германка, или барем дека долго живеела во Берлин.

Потребата да го сокрие својот идентитет ја објаснува со зборовите дека “нејзината личност е неважна”, а дека целта и е да им покаже на луѓето дека работите кои се претставени како опасни, тоа всушност не се.

Најмногу внимание привлекло нејзиното видео во кое јаде јаболки од дрво покрај електраната. Медиумите речиси во истиот момент се заинтересирале за необичната “јутјуберка”, а по тоа видео го добива и прекарот по кој денес е позната – “девојката која јаде чернобилски јаболки”.

Во снимката таа покажува како безгрижно јаде јаболки, а потоа ја споредува радиоактивноста во нив со некои други производи. Заклучила дека јаболките од Чернобил се всушност многу побезбедни од печурките кои растат во Германија.

Погледнете како завршува целиот експеримент:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.