(ВИДЕО) Дали овде БОГОВИТЕ си поиграле: Мистеријата за рускиот остров на Арктикот сеуште никој не ја одгатнал

Далеку на замрзнатиот и напуштен север на нашата планета се кријат бројни тајни.

Само храбрите се одлучуваат да одат таму и можеби затоа само храбрите откриваат некои занимливи нешта.

На студениот Арктик, на рускиот остров Чамп во архипелагот Земја Фрањо Јосиф, група истражувачи пронашле десетина мистериозни камења во облик на топка.

Овие совршено обликувани округли камења налик на топовски џулиња, можат да се најдат по целиот остров, како да паднале од дрвјата. Како што мразот се топи и температурата се зголемува, се забележуваат многу повеќе од овие тела.

Тоа би било совршено место за истражување на камењата, доколку не е оддалечено илјадници километри од најблиското населено место. Австрискиот геолог Сеп Фридхубер вели дека веројатно станува збор за цементација.

Тоа е долготраен процес преку кој минералите се таложат околу заедничко јадро. Најчесто се создаваат околу органски материјал, лист или школка, потоа седиментите едноставно се насобираат околу тоа органско јадро.

Можат да настанат во многу облици, но често се работи за неправилни кугли, па затоа го добиле и називот “топовски кугли”.

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.