Одгледувачот Мајк Смит тврди дека создал толку лута пиперка што може да убие човек, ја нарекол “Здив на змејот”, пренесува “Хина”.
“Здивот на змејот” имаат 2,5 милиони единици на Сковиловата скала на лутина. Тоа е доволно кај некои луѓе да предизвикаат анафилактички шок и смрт, вели Смит за “Дејли пост”.
Се наведува дека Смит оваа пиперка ја пријавил во “Гинисовата книга на рекорди” и чека одговор за тоа дали ќе биде прогласена за најлута во светот.
Ф.Г.