Гери Френк, водителот на временската прогноза не можеше повеќе да го издржи константното приговарање на своите колеги во студиото поради лошото време. Полуде среде програма во живо и на сите им приреди прогноза за памтење.
На Тв ФОКС17 колегите постојано го “прозивале” Гери Френк поради лошото време во Мичиген. Но тој одлучи да стави крај на тоа приговарање и распали по колегите.