(ВИДЕО) Водителка повраќала за време на утринска емисија, на колегите и на гледачите им се згади животот

За време на емисија, водителката пробала нешто поради кое не можела да се исконтролира, па повратила. Натали Тисдал прифатила да проба чипс кој е направен од најлутата пиперка на светот (прочуениот Каролин рипер), но сигурно зажалила. Поради овој чипс започнала да повраќа среде програма во живо.

На почетокот се изгледало во ред, се додека не се напила и малку кафе, а после тоа паднала на подот и започнала да повраќа. Нејзините колеги за целото тоа време се газеле од смеа.

После случката Натали изјавила дека имала чувство дека и гори оган во устата, носот и ушите.

“Поминаа три часа и имам неверојатна главоболка, се чувствувам како да ме претепале во некоја мрачка уличка”, рекла водителката.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.