Прес-конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференција:
“Почитувани излажани од градоначалникот граѓани на Прилеп!
Загрижени за реализацијата на лажните ветувања време е општината да распише потерница за лицето Илија Јованоски! Додека шета по Европа, Прилеп пропаѓа! Ама битно и по телефон ги координира отказите за старите и решенијата за новите административци! Имено овoј човек кој упорно ве лажеше се бара за да:
1.Ја намали цената на водата за 20%
2.Се бара по потерница за да изгради затворен базен во новата сала Македонја која ќе ја правеше најубав комплекс
3.Се бара за да појди во “Три багреми “ и да им каже на Ромите зошто ги лажел дека без детален урбанистички план ќе им донесел за 60 дена:вода ,трансформатор и струја и асфалт.
4.Се бара да одговори по кој критериум ги вработува новите лица во Општина прилеп кои 8 часа се службеници ,а истовремено новинари и невладини активисти
5.Се бара од навивачите на Победа и РК Прилеп да каже со кое лице го згасна фудбалот и ракометот во градов ,а ветуваше европски спорт
Се бара бидејќи никој го нема видено да им каже зошто вработените во Еурокомпозит земаат еден денар плата?
Почитувани, Прилеп има татко на градот кој своите чеда ги заборави,фокусирајќи се на осветата на 300 фамилии и вработувањето на своите најблиски! Предлaгаме под итно да се свика неговиот ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ и двојазично да дискутира на овие теми!”