Многу напнат и крвав момент е “фатен” на камера во водите кај Флорида во неделата, кога човек беше нападнат од ајкула додека со помош на харпун ловеше риби.
– Ајкулата се појави “од никаде”- изјави Паркер Симпсон.
Ајкулата долга 2,5 метри најпрво се движела со неверојатна брзина кон неговиот пријател, а потоа се насочила кон него.
Во еден момен ајкулата го касна за ногата и му ги искина пераите.
Неговите пријатели веднаш го извлекоа, а потоа го однеле во болница. Изгубил многу крв, но сега успешно се опоравува.
Погледнете го видеото:
Ф.Г.