Откако е објавено видеото од драматичната борба меѓу пилотот на рускиот ловец СУ-25 и терористите, сега е познато и кои му биле последните зборови.
На видеото се гледаат вооружани терористи кои се движат кон положбата на пилотот, за потоа да се слушне и машки глас кој вика на руски: “Ова е за мажи!”.
Потоа се слушна силна експлозија, а над локацијата се подигна облак од чад. Не е познато дали во тој момент е убиен некој милитант.