(ВИДЕО) Била во 41 недела од бременоста, а до тогаш не посетила доктор – кога почнало породувањето сите биле шокирани

Во март 2017 година, жена се пријавила во болница во Барнаул во Западен Сибир. Била во 41 недела од бременоста, а до тогаш ниту еднаш не посетила доктор или бабица. Причината била недоверба кон целата медицинска индустрија.

По прегледот, докторите откриле нешто шокантно.

Жената имала вонматерична бременост која е навистина опасна по животот на трудниците и плодот. Жената веднаш била однесена на операција.

Кога хирургот го извадил бебето се случило чудо, тоа било живо и немало никакви последици, а било тешко 4 килограми.

Гордата мајка ја нарекла својата ќеркичка Вероника, што значи победа, а нејзината приказна станала навистина популарна во Русија.

По оваа приказна жената рекла дека ако некогаш повторно забремени, редовно ќе оди на прегледи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.