(ВИДЕО) АФРИКАНСКИОТ БИСЕР: До вчера гладуваа, а со откривањето на овие два производи станаа една од најсилните економии !

Западноафриканската држава Гана во 80-тите година на минатиот век беше во голема криза. Глад, сиромаштија, војна… Но, од 1992 година спроведуваат мирни избори и иднината на оваа држава сега е посветла од било кога.

За тоа придонесе откривањето на големите количини на нафта. Со моменталната цена на нафтата и забрзаното ширење на производството на нафта во земјата, Гана наскоро би можела да биде една од најсилните економии во светот. Дефинитивно ќе биде една од светските економии со најбрз развој.

Проектираниот раст во 2018 година се движи меѓу 8,3 и 8,9 проценти и Гана би можела да ја надмине Индија со нејзиниот силен технолошки сектор. Во јануари, берзата на Гана забележа највисока стапка на раст од 19 проценти, наведува “Блумберг”.

Како што е познато до сега, државите кои се богати со нафта се мета на големите сили, кои или “носат мир и демократија” или “спроведуваат реформи за благосостојба на државата”. Се надеваме дека Гана ќе поужива во своето природно богатство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.