Авион “Лерџет 35” се сруши за време на слетувањето на аеродромот Тетерборо во Њу Џерси, оставајќи неколку згради во пламен, известуваат медиумите.
Малиот двомоторен авион е идентификуван од страна на Федералната служба за авијација, објави “WNBC”. Полицијата потврди дека во авионот имало две лица кои загинале на лице место, а дека други патници немало.
“Авионот падна во непосредна близина на аеродромот, во населена област. Летот е започнат од аеродромот во Филаделфија кај Татербороу”, објавија службите.
BREAKING EXCLUSIVE 1st close up plane crash pic short of Teterboro Airport Credit Joe Orlando @NBCNewYork pic.twitter.com/scJKMzkLeu
— Brian Thompson (@brian4NY) May 15, 2017
Ф.Г.