(ВИДЕО) “Aнѓушев со стари лаги настапил на средбата со вработените во Еурокомпозит?!” Вработените и синдикатот продолжуваат со ШТРАЈК!

Претставниците од синдикатот при Еурокомпозит 11 Октомври, после 5 дена штрајк низ прилепските улици и блокирање на крстосници, вчера одржаа средба со вице премиерот Кочо Анѓушев.

Но, според претседателот на синдикалната организација на вработените им било кажано она што им било ветено и минатиот пат.

Анѓушев рекол дека не може ништо сам да направи и им рекол на претставниците од синдикатот дека потребни се најмалку 6 месеци период, што според Роберт Богданоски било истото што го слушнале и претходно.

Целата изјава слушнете ја во прилогот на “Kанал Визија”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.