Вечерва со почеток од 20:30ч. на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во центарот на Прилеп, голем народен митинг ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”.
На големиот граѓански собир ќе се обрати претседателот на пратијата Никола Груевски, како и кандидатот и актуелен градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.
Пред прилепчани ќе бидат претставени проектите од новата програма, новата ера за Прилеп, при што граѓаните ќе имаат можност да слушнат како ќе се развива нивниот град во наредните четири години и што ќе се промени.