Кога нормално ги проверувате своите пораки на Фејсбук, ги гледате само пораките од пријателите на оваа социјална мрежа. Меѓутоа, дали знаете дека тоа не се сите пораки кои сте ги примиле.
Фејсбук ги филтрира пораките од луѓето кои не ви се пријатели , што генерално е добра работа, бидејќи така се отстрануваат многу “спамови”. Меѓутоа, понекогаш, вистинска порака од некој кој не ви е пријател може да се најде таму, во ничија земја, што знае да биде вистински проблем.
Можеби сте во таква ситуација а не знаете. Еве како да проверите дали имате скриени пораки.
Откако ќе отворите Фејсбук, одете во “Messages”. Во менито кое ќе излезе подолу ќе видете “Messages Requests”, тука се наоѓаат скриените пораки.
Погледнете во видеото: