Православните Христијани вчера го одбележаа најтешкиот ден во христијанството Велики Петок, денот кога спасителот на светот Господ Исус Христос бил распнат на крстот.
Со величенствена литија денот беше одбележан и во Корча, Република Албанија, град каде живеат голем број Македонци.
Фотографии од овој настан на својот Фејсбук профил објави Васил Стерјовски, кој е еден од главните оперативци на партијата на Македонците во Албанија.