ВАНДАЛИЗАМ:”Уништени клупите на “5-та прилепска”- на кого му сметаше европски Прилеп?!” (ФОТО)

Паркот во должина на улицата “Петта прилепска бригада” која е еден од најголемите паркови во Прилеп, од вчера утрото осамна со уништена урбана опрема.

Целосно искршени се повеќето клупи, а сликата е грозна.

Паркот кој беше огледало на урбаната населба “Гоце Делчев” веќе некое време е запоставен, со уништени тревници, а сега и со уништени клупи.

После уништувањето на спомениците во центарот на градот, вандалите се насочија и кон уништување на парковите, кои секојдневно се исполнети со луѓе и деца.

На кого му пречи европскиот изглед на Прилеп кој полека избледува?!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.