Буфон може вода да му носи: Најоригиналниот голман во Македонија е од прилепско (ФОТО)

Денешниот натпревар од Општинската лига А- Прилеп  помеѓу “Црвена Ѕвезда” од село Сенокос и “Мукос” од Дреновци заврши со резултат 3:1 и донесе нови три бода за домаќините кои сега имаат две од две.

Но, она што беше интересно беше голманот на гостинската екипа од Дреновци, кој иако во поодминати спортски години жестоко го бранеше голот на својот тим, а неговиот ентузијазам и цврстина можат да се забележат на неговото лице.

Сепак, одбраната беше таа која киксираше, па голманот на Мукос беше приморан три пати да ја вади топката од својата мрежа.

Интересен податок е тоа што фотографиите од денешниот натпревар се дело на Кинезот Ченг Хенг, кој е клубски фотограф на “ѕвездашите” oд Сенокос.

A/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.