Фудбалерот на Барселона не може да го прежали фактот што италијанскиот голман нема да настапува во Русија.
Голем број љубители на фудбалот не можат да ја прежалат елиминацијата на Италија на баражот за Светското првенство. Азурите прв пат после 1958 година нема да се најдат на Мундијалот кој следната година ќе се одржи во Русија.
Не се само обичните навивачи и гледачи разочарани со таквиот исход, туку и бројни фудбалери. Еден од нив е хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.
Фудбалерот на Барселона изрази жалење бидејќи Буфон нема на величенствен начин да ја заврши својата богата фудбалска кариера.
-“Јас на Буфон немам што да му објаснувам поврзано за фудбалот. Би сакал да му го препуштам моето место на Светското првенство. Се што даде за фудбалот е големо. Тоа го знае секое дете кога ќе започне да набројува играчи”, рекол Ракитиќ.
Набрзо се огласи и италијанскиот чувар на мрежата.
“Драг Иван, сеуште настапувам како голман, но да играм за Хрватска како везен играч наместо тебе не би било најдобра идеја. Го говорам ова за твое добро. Смеата настрана, твоите зборови ми се голем дар. Ти благодарам и тебе и на Жорди Алба, мојот дрес те чека”, напиша Буфон на Твитер.
Јувентус и Барселона се сретнаа во Лигата на шампиони, во меч без голови, а после мечот двајцата фудбалери срдечно се поздравија.
Ivan Rakitic: “I would give up my place in the World Cup for Gianluigi Buffon.”
Buffon: “Playing for Croatia as a midfielder in his place might not be a great idea.”pic.twitter.com/5YFKmFz9qD
— The Football Pools (@footballpools) November 22, 2017
А/Г/