Бубања: “Одиме за Турново утре да освоиме 3 бода”

Што се однесува за првиот натпревар многу е полесно кога играчите се задоволни, а моите фудбалери се задоволни затоа што денеска им легна платата, а за време на подготовките им беа исплатени и долговоите што е огромен плус и знак дека клубот оди нагоре.

Со овие потези раководството ни зададе голема задача на Стручниот штаб и играчите. Голем хендикеп е што не играме во Прилеп поради навивачите. Тие се нашиот не 12-тти туку 14-тти играч и најмногу поради нив ми е жал што ќе играме надвор, главно во Битола.

На утрешниот натпревар Пелистер е гостин, ние сме домаќини и така ќе се однесуваме, да сториме се да ги освоиме 3-те бода. Треба да размислуваме од натпревар до натпревар. Победа има негативен скор со Пелистер овие две сезони, меѓутоа традициите се тука за да се рушат.

Ние само можеме да ветиме дека ќе дадеме се од себе да ја прекинеме таа традиција и да оствариме победа. Тоа ќе биде сигурно многу тежок натпревар кој ќе бара од играчите максимални напори.

Самите временски услови нема да ни дозволат да играме некоја лепршава игра туку на било ккој начин да ги освоиме 3-те бода. Свесни се фудбалерите за значењето на натпреварот. Овие 24 часа фокусот е на мечот со Пелистер.

Тие мора да го респектираат Пелистер затоа што таму има 5-6 играчи со над 200 прволигашки натпревари, 4-5 играчи кои до вчера играа за Победа, така да и тие сигурно имаат некој свој мотив.

Најголемиот мотив на моите фудбалери е што тие ќе дадат се од себе, убеден сум во тоа, а дали ќе биде доволно за победа ќе покаже самиот натпревар. Резултатот е најважен и одиме за Турново утре да освоиме 3 бода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.