Бродолом на Сан Сиро? Kинезите ги повлекуваат вложените 200 милиони

Дали големата ренесанса ќе доживее фијаско?

Кинеската влада би можела наскоро да ги натера инвеститорите во фудбалскиот клуб Милан да ги вратат вложените 200 милиони евра во државата, пишуваат италијанските медиуми.

Инвеститорот Ли Јонгхонг ги презеде Росоњерите оваа година, со помош на позајмица од американскиот фонд “Елиот менаџмент”, а причината за тоа била неможноста да изнесат толку голема сума пари од Кина, бидејќи владата забрани инвестиции во странство.

Комунистичката парија ќе одржи конгрес на 18 октомври, а на него се очекува да бидат објавени новите мерки на рестрикции во поглед на вложувањата во странство. Според наводите на локалниот милански весник, ова нема да се однесува на Интер и соработката со Сунинг групацијата, но ќе се однесува и тоа како на Милан.

Околу 200 милиони евра, кои се вложени во Милан за време на летото, ќе треба да бидат вратени во државата. Ли затоа забрзано бара инвеститори за да го поделат финансискиот терет, а Милан до следниот октомври треба да му исплати на “Елиот” дури 253 милиони евра, вклучувајќи ја тука и каматата од 11,5 %.

Доколку тие пари не бидат исплатени, целиот клуб или негов дел во акции ќе му припадне на фондот. Значи  на некогашниот великан му претстојат бурни денови, кои не му одат во прилог ниту на теренот, ниту надвор од него.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.