“Блокада од Еурокомпозит, ни новото возило од 32.000€ од Државен инспекторат за земјоделие нема да помине додека сме излажани?!”

Вработените во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ денеска од 12 до 14 часот го блокираа патот Прилеп-Градско на излезот на градот, пред Плетвар.

Инсистираат да им бидат исполнети барањата за исплата на две плати за да почнат да работат и да чекаат шест месеци, како што е договорено со Владата, да се најде стратешки инвеститор и конечно да се реши состојбата со фабриката.

Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, изјави дека ќе ги радикализираат протестите и оти следната недела ќе протестираат пред Владата. Истовремено бараат средба со премиерот Зоран Заев и оставка од раководството.

– Ги радикализираме протестите. Денеска го блокиравме регионалниот пат на излезот од Прилеп два часа и секојдневно ќе протестираме час повеќе.

Ни самите немаме веќе избор зашто ништо не се решава. Нашите барања се познати: исплата на плати за да почнеме да работиме, плати да се исплаќаат и наредните шест месеци во кои се согласуваме со владиниот услов да чекаме за да се најде стратешки инвеститор и конечно да се реши состојбата.

Во фабриката нема вода ниту услови за работа, раководството не го гледаме и затоа бараме оставка од менаџментот. Бараме средба со премиерот Зоран Заев.

Нашите протести ќе ги радикализираме и во вторник ќе протестираме пред Владата, изјави Богданоски.Генералниот директор Александар Кузески во телефонски разговор рече дека денеска во Владата се разгледува планот за работа во „Еурокомпозит“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.