Бизнисменот Сребре Маркоски од Крушево е хуманитарецот кој ќе донира парична помош за семејството од Општина Долнени, село Долгаец
Маркоски ќе го исплати долгот за струјата во целост, и ќе донира парична помош за реновирање на нивната куќа со што ќе им се обезбеди нормални услови за достоинствен живот.
Маркоски, потенцираше дека тој е ужаснат од сиромаштијата во која се почесто и секојдневно се зголемува. Потенцираше дека досега повеќепати донирал на луѓе кои се соочуваат со вакви проблеми во животот, и се гордее со тоа што помага на луѓето и ќе продолжи понатаму.
Ги повика оние кои се во можност да се приклучат и да помогнат.
Помош за семејството од село Долгаец, кое е оддалечено 40км од Прилеп, пристигнува и од други страни.
Вчера неколку хуманисти од Прилеп заедно со Отец Оливер Петровски го посетија семејството и донираа храна и облека.
Малиот Александар е дел од ова семејство и единствено дете во селото. Вчера тој се прерадувал кога видел дека му доаѓаат гости.
Сите кои сте во можност помогнете Александар да живее среќно и безгрижно детство.
Жиро сметката на која можете да помогнете за топол дом на Александар е:
300027023021389 Комерцијална банка- Јован Ристески.