Бесплатно ќе се едуцираат возачи за Б и за Ц категорија и ќе се помага за нивно вработување

1

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп и Младинскиот културен центар од Битола во неколку фази ќе го реализираат проектот  „Рурални иницијативи за вработување“, со кој ќе се едуцираат 60 лица за возачи на Б и на Ц категорија. Целта на проектот е да се изгради мост помеѓу невработени лица припадници на социјално ранливи категории и работодавачите и стопанствениците од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани и да се помогне во нивно поефективно вклучување на пазарот на трудот, велат надлежните.

Проектот се спроведува во рамките на ИПА програмата за Развој на човечки ресурси – грантова шема „Поттикнување на социјална инклузија“. Финансиран е од Делегацијата на ЕУ, а спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии на Република Македонија.

– Главната цел на проектот е да е да ја зголеми вработеноста и вработливоста на лица од социјално ранливите категории, невработени лица вклучувајќи ги и лицата корисници на социјална помош од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, да помогнеме побрзо да добијат работа – вели проект менаџерот Игор Ламбевски.
Ка.М.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.