Легендарниот голман Џианлуџи Буфон, за кој ова беше можеби последен дуел во Лигата на шампиони се огласи после натпреварот.
-Ова не беше ни една десетина од пенал. Знам дека судијата виде што виде, но се работеше за спорен момент. Па кога моментот е спорен, и не се работи за чиста ситуација, не можеш да свирнеш пенал во 93. минута.
Имавме неверојатен камбек, и не ми е јасно како еден човек можеше да ни го уништи сонот на ваков начин, со сомнителна ситуација. За да досудите ваков пенал мора да имате канта за ѓубре во градите а не срце.
Ако немате карактер да излезете на ваков терен, на ваков стадион, тогаш одете на трибина со сопругата, со децета, пијте сокче и грицкајте чипс.
Не можете да го унишите сонот на цел еден тим. Во тој момент можев да му кажам било што на судијата, но најважно е тој да го разбере степенот на катастрофата која ја направи, вели Буфон.