БУГАРСКИТЕ ПЛАТИ МЕТА НА ПОТСМЕВ: Вреди ли да го промениме името за влез во ЕУ ?!

Најниската минимална плата во Европската Унија е остварена во Бугарија. Според Европската статистичка служба Еуростат, тоа се околу 260 евра.

Генерално минималните плати помали од 500 евра се карактеристични за земјите од источниот дел на ЕУ, додека за земјите во северозападниот дел платите изнесуваат повеќе од 1.000 евра, пренесува Капитал.

Највисоката минимална плата е регистрирана во Луксембург, односно 1.999 евра месечно, потоа во Ирска 1.614 евра, Холандија 1.578 евра, Белгија 1.564, Германија и Франција 1.498 евра месечно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.