На вчерашната седница на советот на општина Прилеп се случиле низа скандали и неправилности на штета на граѓаните, се со цел да се оптерети нивниот семеен буџет?
Имено при гласањето по точката за повисоки сметки за вода, резултатот бил 14 “ЗА”, 11 “ПРОТИВ” и советникот Сами Ајдини кој бил воздржан?
Откако му било укажано на градските функционери дека во оваа одлука еден советник има конфлик на интереси, свикана е ИТНА нова седница бр.10.
Во паника се прекршени сите деловнички правила, дури истата не е ни објавена на веб станата на Локалната самоуправа, и тоа сето на штета на граѓаните?
Во меѓувреме Сами Ајдини е повикан кај градоначалникот и за чудо по 30 минути го променува гласањето по истата точка и гласа “ЗА” Ромите да плаќаат повисоки сметки за вода?
А им беше ветувана 20% пониска цена. Можеби тој лично се согласува со зголемените трошоци за вода, но сигурно не и другите Роми во Прилеп.
Ова преку изјава после завршувањето на седницата го посочи и коориднаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на општинскиот комиптет на партијата Петар Ристески.