Балон салата сместена во ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп веќе подолго време стои истишена и веќе не личи на сала.
На местото каде што се наоѓа се насобира вода, па просторот наликува на базен.
Можеби ова е базенот кој го вети градоначалникот пред локалните избори?!
За негрижата на новите локални власти кон она што се инвестирало гледаме секој ден, а ова е уште еден пример за тоа.
Спортскиот комплекс од балон сала, мултинаменско игралиште, тениско игралиште и обнувувањето на постоечката сала во училиштето, беа изградени од претходните локални власти.
Со тоа ова училиште стана препознатливо во целиот град, а сега сето тоа полека исчезнува.