БПЦ го доби старателството врз МПЦ – ОА

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

– Светиот Синод одлучи дека, со оглед на тоа што Македонската православна црква (МПЦ) ја признава Бугарска Православна Црква – Бугарска Патријаршија за своја Мајка-црква, БПЦ со чувство за својата света должност, ја прифаќа одговорноста да покаже целосно содејство, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред помесните православни цркви, преземјаќи се  што е неопходно за востановување на канонскиот статус на МПЦ, се наведува во одлуката од Светиот синод на БПЦ по повод писмото кое МПЦ го упати на 9 ноември.

Во одлуката се додава дека Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква.

Светиот синод на БПЦ одлучи да формира Синодска архиерејска комисија за преговори со МПЦ и останатите помесни православни цркви што ќе ја сочинуваат Старозагорскиот митрополит Кирпијан  како претседател и Ловчанскиот митрополит Гаврил, Пловдискиот Николај, Западно и Средноевропскиот Антониј, Варненскиот Јован, Неврокопскиот Серафим, Русенскиот Наум и Врачанскиот Григориј. како членови на Комисијата.

Синодот на БПЦ денеска во полн состав го разгледал писмото од МПЦ, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изрази благодарност до бугарскиот патријарх Нефит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква кои денеска донесоа решение за писмото од Македонската православна црква.

– Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автокефалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме, и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да и биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Од МПЦ-ОА посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

Извор: курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.