Последниве денови општината е преплавена со нововработени, но никој не знае по кој критериум ги бирал Градоначалникот кога им потпишувал договори за работа.
Благодарение на Законската обврска да добиете информација од јаваен карактер за некое време ќе видите кој се е ангажиран, КОЛКУ Е ПЛАТЕН, па да процените дали се тие најпрофесионалните, најдоброрангираните во некоја агенција што ја спомнува Градоначалникот, или пак се демантира како и секогаш во она што го кажал само пред еден месец, кога остави без работа 300 ангажирани во сите институции во Прилеп?
Незадоволството од функционирањето на локалната власт е се поголемо, ништо од ветувањата, ништо од проектите… водата не поевтини, пензионерите се прелажани, нема повисоки пензии, дизелот поскапи 16 денари само за еден месец, нема нови инвестиции, градот пропаѓа?!