Шпанските медиуми пишуваат дека договорот е веќе постигнат
Според пишувањата на шпанските медиуми, поточно каталонскиот “Спорт”, поранешниот тренер на Барселона Луис Енрике е подготвен да го преземе Челзи.
Тој би требало да го замени Антонио Конте, а весникот пишува дека Енрике веќе ги договорил условите со лондонскиот тим.
Останувањето на Конте после поразите од Бурнемаут од 3:0 и од Вотфорд со 4:1 е невозможен.
Заостанувањето од водечките во Премиер лигата е се поголем за “сините” од Лондон, па сопственикот Роман Абрамович е приморан да ја размрда екипата со промената на тренерот.
Се шпекулира дека договорот на Енрике на Стенфорд Бриџ ќе трае до 2020 година.