БИТКАТА ЗАПОЧНУВА: На 15-ти октомври народот ќе има можност да ја казни жестоко и масовно антидржавната политика на СДСМ и распродажбата на државата

Распишани се локалните избори. Талат Џафери ги потпиша документите со кои ќе се бира нова локална самоуправа во Македонија на 15-ти октомври. Тоа значи дека граѓаните многу наскоро ќе имаат единствена и многу важна можност да ја кажат гласно својата оцена за политиките на власта.

gruevski-zaev-640x306-768x367

Гласачите на 15-ти октомври ќе имаат прилика сега да ги оценат СДСМ, ДУИ и ДР-ДПА за начинот на кој тие се справуваат со тековните проблеми како депониите, пожарите, мигрантите, но и стратешките и национални прашања како двојазичната држава, прифаќањето на бугарските позиции за македонската историја, народ и јазик и промената на името како проект на кој СДСМ е повеќе од јасно дека е спремен да се нафати.

Општиот заклучок е дека поради ваквиот сензитивен и исклучително важен момент, тој што ќе има како партија повеќе гласови ќе биде дефинитивен победник на изборите, односно носител на волјата на мнозинството граѓани. Ова е факт бидејќи е јасно дека овие локални избори нема да се обични избори за избор на локална самоуправа, туку мини-референдум за насоката која оваа држава ќе ја фати. Дали Македонија ќе продолжи да се движи по патот на виткање кичма и прифаќање на сите максималистички барања за име, знаме, химна, историја, народ и јазик, прифаќање мигранти, или ќе има назнаки дека народот бира државата да се врати на патот на гордост и самосвест односно да не дозволи да биде уценувана во интеграциите.

15-ти октомври е многу важен ден бидејќи граѓаните тогаш ќе гласаат не само за градоначалници и советници кои ќе им асфалтираат улици, ќе менуваат шахти и ќе садат трева и грмушки. Туку граѓаните ќе гласаат и дали го поддржуваат методот на Заев, СДС и партнерите без борба да ги предаваат сите битни од национален интерес за Македонија, за да го имаат тапкањето по рамо од немакедонски политичари кои единствено гледаат сопствен интерес и како полесно до него.

Ова ќе се избори на кои народот ќе има можност или да ја казни жестоко и масовно антидржавната политика и распродажбата на државата, или пак да се сложи со редефинирање на Македонија како бинационална држава без историја, народ и јазик која е на патот да остане и без име“, велат во коментари граѓаните по социјалните мрежи.

Доколку тоа не го сторат сега, првата наредна прилика ќе ја имаат на Претседателските избори во 2019-та година, кога Македонија може да биде земја со стотици илјади мигранти, и сеуште далеку од столчето за преговори со ЕУ и НАТО без промена на учебници по историја, без прифаќање дека нема македонски народ туку народ со историски бугарски карактер како што тоа го кажуваат потписниците од Бугарија и без променети име и идентитет.

Доколку граѓаните ја казнат политиката на власта на локалните избори, тоа ќе биде добра можност за барање скори предвремени парламентарни избори на кои ќе се застане дефинитивно на патот на распродажба на државата, по кој, според расположението на луѓето и нивните коментари, во моментов Македонија ја водат Зоран Заев и коалиционите партнери во владата.

 

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.