Бромелија, попозната како (мал) ананас, претставува билка која може да го промени начинот на спиење и да им помогне на луѓето помалку да рчат, подобро да се одморат, како и поздраво да спијат. Рчењето може да го загрози здравјето на тој што рчи, но и на партнерот, а како последица неретко се и нарушените односи.
Причините за рчење може да бидат настинка, отечена мукозна мембрана, зголемени крајници, септални девијации или потечен јазик, па и вишок на ткиво или рабови на мекото непце. Долгорочното рчење може да биде сериозна здравствена опасност која може да предивика дури и мозочен и срцев удар.
Научниците тврдат дека постои едноставен начин да се запри рчењето без било каква направа или операција. Дури е ефтино.
Научно истражување покажа дека присуството на една билка во спалната соба, значително го намалува рчењето и го поттикнува добриот сон.
Билката Бромелија, попозната како (мал) ананас, кислородот го произведува ноќе, а не за време на денот како повеќето билки, што го подобрува квалитетот на воздухот, а со него и спиењето. Бромелијата го произведува и ензимот бромелаин, кој го смирува рчењето кај луѓето.
Билката најмногу се одгледува во Холандија. Потребни се околу две години да се појави првиот мал ананас на врвот. Треба да се внимава, бидејќи таа е исклучиво украсна билка и ананасот не се јаде, што се гледа по големината.
Плодот е многу мал и по бојата е потемен од обичниот ананас. Изгледа како прекрасен декоративен елемент и ефикасно растение против рчење во домот.
Извор: “Неделник Зенит”