Кога реката ќе ја промени бојата во крваво црвена, како што се случи во градот Тијумена, тогаш тоа е голема причина за загриженост. Мештаните веќе една недела се обидуваат да добијат одговор од властите за што станува збор. Тие веруваат дека реката Молчанка ја променила бојата поради отпадните води од локалната фабрика.
Руската државна новинарска агенција Итар-Тас појавата ја нарече “библиски настан”, а властите истакнуваат дека не можат да го утврдат точниот извор или загадување на реката, пренесува “Сајбериан Тајмс”.