Претседателот на Либерија, Џорџ Веа, ја намали сопствената плата за 25 проценти, како би допринесол за подобрување на тешката економска ситуација во државата.
“Со оглед на лошата состојба на државата, денес ве известувам дека ќе ја намалам и сопствената плата и приходи за 25 проценти”, изјави Веа.
Поранешната фудбалска легенда на Милан и најдобар фудбалер во светот, ја презеде должноста од својата претходничка Елен Сирлиф која беше претседателка од 2006 година.
На почетокот на преземањето на лидерската позиција во државата Веа нагласи дека Либерија се соочува со голем економски ризик.
“Нашата економија е скршена. Нашата влада е скршена и нашата валута паѓа. Инфлацијата расте, а исто така и невработеноста. Нашите државни резерви се на најниско ниво”, предупреди Веа.