Арнолд Шварценегер е на итна операција на срцето, јавуваат американските медиуми.
Седумдесетгодишниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија е сместен во болница во Лос Анџелес, поради операција на срцевите залистоци, но дошло до компликации во текот на постапката.
Лекарите одлучиле Терминаторот да заврши на итна операција на отворено срце. Операцијата траела неколку часа, а ТМЗ пишува дека во моментов е во стабилна состојба и закрепнува.
Актерот бил на слична операција и во 1997 година.