Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Во продолжение интегрален текст од денешната прес-конференција пред ТИРЗ Прилеп:
“Денес во оваа индустриска зона, која сопартијците на Кочо Анѓушев, Горан Сугарески и Зоран
Заев ја нарекуваа зелена ливада почнува да работи новата германска инвестиција “АКОМПЛАСТ” и без никаков срам, како и во Струмица и Струга, Кочо Анѓушев оди да ги отвара инвестициите што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Македонија.
Наместо да ги видеме
Самка Ибраимоски, Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко со нов инвеститор овде, ние ќе
присуствуваме на парадата на тие што за 110 дена ја задолжија РМ со нови 410 мил евра!
Тие што избркаа 3 инвеститори за 110 дена од РМ, тие што ќе ги кратат субвенциите, пензиите и
платите…
Добро е Кочо Анѓушев заедно со Сугарески да отидат во Еурокомпозит и да им ги исплатат ветените плати на вработените, а не да им се закануваат на синдикалците да не штрајкуваат.
Ништо од тие ветени плати.
Им посакуваме успех во работата на Акомпласт, брз напредок во градбата на ВИК и многу нови работни места во оваа индустриска зона, дело на ВМРО-ДПМНЕ”.