Античките Македонци не биле Грци ! (ВИДЕО)

Денешната грчка пропаганда прави се за да го убеди светот дека античка Македонија била грчка и дека античките Македонци биле Грци. Причината за ова е чисто политичка и добро позната. Грција се обидува да докаже дека Македонците се всушност Грци и дека немаат историско право да го користат името Македонија.

Но и покрај се, голем број на релевантни пишани извори потврдуваат дека најголемиот непријател на грчката пропаганда се всушност делата на античките автори. Голем број од овие дела јасно укажуваат дека античките Македонци не биле Грци, напротив Македонците и Грците од секогаш биле непријателски настроени. Делата потврдуваат дека античките Грци биле всушност под ропство на Македонците.

Во видеото кое ви го приложуваме можете да видите дел од размислувањата на античките автори.

Ариан е добро познат антички историчар. Неговото целосно име е Луциус Флавиус Арианус Ксенофон. Тој живеел во првиот век од нашата ера. Тој е исто така познат како Ариан од Никомедиа. Негови најпознати дела се “Биографијата на Александар Македонски” и “Индика”, дело во кое се пишува за македонската војска која се враќа од Индија.

Биографијата на Александар ја напишал потпирајќи се на делата од македонскиот генерал Птоломеј.

Во ова дело дефинитивно е докажано дека античките Македонци и античките Грци се сосема различни поими.

Малку е познато дека во нападот на Александар врз Персија, десетици илјади Грци биле вклучени во персиската војска. Голем број од нив биле убиени, но останатите биле испратени да работат во Македонија, како робови. Додека македонската војска се враќала од Персија, од Атина била испратена делегација која го молела Александар да ги ослободи заробените Грци, членови на персиската војска.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.