„Анонимуси“: Трета светска војна почнува следната година

 csmanonimusalbanijajtff786f9796

Хакерската група „Анонимуси“ објави видео порака во која тврди дека Трета светска војна ќе почне следната година и тоа поради тензии на Корејскиот полуостров.

– Подгответе се за она што доаѓа, предупредуваат во видео снимката објавена на Јутјуб, додавајќи дека Третата светска војна ќе биде „глобално катастрофална, како за средината, така и за економијата“.

Групата порачува дека „сите знаци за војна, што се подготвува на Корејскиот полуостров, излегуваат на виделина“.

– Гледаме како секоја земја повлекува свои стратешки потези, но за разлика од претходните светски војни, оваа борба ќе биде жестока, брутална и брза. Ова е вистинска војна со глобални последици, во која се вовлечени три велесили. Другите нации ќе бидат принудени да изберат страна, велат „Анонимуси“.

Хакерската група во видеото цитира и извештаи во кои Кина апелира до своите граѓани да ја напуштат Северна Кореја, а ги коментира и неодамнешните тестирања на балистички ракети од страна на Пјонгјанг, како и испраќање американска војска во Австралија.

– Кинезите очајнички се трудат да избегнат војна. Само оваа недела кинески претставници побараа од САД и Северна Кореја, по бројните обиди за смирување на тензиите, да се смират и престанат да се провоцираат меѓу себе. Прагматичните Кинези полека го губат трпението, се наведува во видео пораката.

Како што се наведува, сигнал за тоа е и што американскиот претседател Доналд Трамп го повикал филипинскиот колега Родриго Дутерте, со цел да се увери дали се на иста страна.

– Дури и Дутерте го советувал Трамп да се тргне од Ким Џонг-ун. Подгответе се за она што следува, порачуваат „Анонимуси“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.