Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра

Португалски фудбалер Андре Силва го напушти Порто и во новата сезона ќе настапува за Милан, а трансферот е вреден 38 милиони евра.

andre-silva-640x294

Силва денеска пристигна во Милано на медицински прегледи и се очекува да стави потпис на петгодишен договор со седумкратниот шампион на Европа.

22-годишнниот Португалец најверојатно ќе го носи дресот со црвено-црниот дрес со број 10. Од него се очекува да биде предводник на напаѓачкиот ред на калчолигашот.

Милан првично сакаше да го ангажира Алваро Мората од Реал Мадрид или Андреа Белоти од Торино, но откако не успеаја преговорите со нив, се сврти кон португалскиот репрезентативец.

Силва ќе биде четвртото засилување за Милан во новата сезона. Претходно на „Сан Сиро“ дојдоа Матео Мусакио, Френк Кеси и Рикардо Родригез.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.