Анализа на Професорката Каракамишева: “Свесен е Заев дека со промената на името ќе си оди! И тоа ќе си оди што е можно подалеку, бидејќи тука не му се пишува арно!”

(Фејсбук статус на Универзитетската професорка Тања Каракамишева)

“Пост-велигденскава недела што започна ќе биде исклучително интересна од политички аспект.
Едновремено ќе се одвиваат два паралелни процеса, едниот поврзан со опозицијата и доставеното барање за гласање (не)доверба на Владата, и вториот поврзан со забрзаната реконструкција на Владата на Заев кој поради се позасилениот притисок од јавноста и растечкото незадоволство мора да менува нешто посуштински барем како што тој смета да закрпи ново мнозинство кое ќе биде доволно за да ја избутка промената на името! Свесен е Заев дека со промената на името ќе си оди! И тоа ќе си оди што е можно подалеку, бидејќи тука не му се пишува арно!
Интересни процеси се случуваат на политичката сцена овие неколку недели или поконкретно откако СЈО најави дека ќе отвора предмет против лидерот на ДУИ, Ахмети. Овој сигнал испратен директно до лидерот не е случаен и не е неповрзан со Заев! Напротив, чекоров води директно до Заев и до сценаристот кои му испраќаат абер на Али дека во албанскиот политички блок ќе има проветрувања и поместувања кои мора да бидат во интерес на опстанокот на владава на Заев до исполнувањето на целта, влез на државата во НАТО со сменето име!

Оти тоа е клучната задача што се очекува од велепредавниците, а задачата е поврзана со примораната согласност на ДУИ, која до вчера не сакаше да чуе за друг албански партнер да влезе во влада, сега да МОРА да се согласи на такво нешто, бидејќи во спротивно свилениот гајтан ќе стане инстант ортома околу вратот на Али!
И не се воопшто случајни убиствата и заканите по живот што се случуваат во партиската структура на ДУИ.

Ахмети е свесен дека е стигнато до него, и во самоодбрана ќе мора да се одлучи за летање на главите на многумина само и само да се спаси себе од политичка егзекуција нарачана и ставена во функција од страна на сценаристот.
Работава сега е дали Али ќе умее рационално да процени што треба да направи или ќе оди по водата на стихијата.

Во негови раце е одлуката дали ќе сака да биде жртва и да му ја остави својата глава на Заев кој веќе му ја има ставено во торба, или ќе преземе чекор што не го очекува ниту Заев, ниту сценаристот и ќе застане во одбрана на своите интереси и ќе гласа против довербата на Владата на Заев!!!

Оти Али знае дека неговата 10 е се уште, но за многу кратко, златна и одлучувачка и дека ако сега не ја искористи времето забрзано ќе работи ПРОТИВ НЕГО!Ќ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.