Алегри во четвртфиналето не сака само еден тим: “Доста од нив веќе”

Дека е еден од најдобрите тренери на денешницата Масимилиано Алегри докажа со синоќешниот потег против Тотенхем.

Италијанскиот експерт во 60-та минута при водство на “спарси” со 1:0 ги внесе во игра Лихштајнер и Асамоа, ја промени формацијата, а веднаш потоа со головите на Игуаин и Дибала следуваше пресврт, при што Јувентус се пласираше во осумтте најдобри во Европа.

“Сакам да ја избегнеме Барселона, секоја година Барселона, Барселона, Барселона, доста е….”, рекол тренерот на Јувентус.

Барселона сеуште не е пласирана во четвртфиналето. Каталонците реванш дуелот против Челзи го игра следната недела. Во првиот дуел резултатот беше 1:1.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.