“Актерите бараат нов театар во Прилеп”?!

19357448_10211524048288306_804002304_n

Завршија теaтарските игри “Војдан Чернодрински” во Прилеп. Фестивал кој стана синоним за добра театарска игра, за дружба и можност да се подискутира за тоа: 
“До каде е дојдена театарската уметност во Македонија! 
Во какви услови ансамблите денес работат, што е подобрено и каде треба да се изградат нови театри?” Несомнено заклучокот е единствен: Младата прилепска генерација на глумци заслужува нов театар во Прилеп! Извонреден состав кој од првиот ден на дипломирањето доби шанса да се реализира во својата креативност, сето тоа благодарение на Министерството за култура. Се надеваме дека својата енергија ќе ја насочат и кон овој нов проект што треба да е нивен приоритет! Локацијта повеќе пати е споменувана и реализацијата може да почне за кратко време, доколку новиот министер има слух за тоа. Се надеваме дека идната година овај млад состав ќе биде дел од програмата при отварањето на следните театарски игри во нов објект!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.