На горештините инсектите се вгнездуваат во нашите куќи и станови, а секако ние бараме решенија за тоа како да се спасиме од нив. Ако во домот покрај здодевните муви, комарци или пајаци, видите ваква стоногалка, последно нешто што треба да направите е да земете тврд предмет и да ја убиете, а еве и зошто.
Овие стоногалки ги јадат сите останати инсекти, бараат влажни места и ловат бубашваби, мравки, муви, пајаци и други инсекти кои ги имаме по дома.
Стоногалката ги уништува инсектите поради две причини. Првата, стоногалката е многу брза, а втората имаат брз метаболизам, постојано се гладни, па затоа ги јадат сите инсекти.