Ако ви стигне оваа порака, веднаш мора да ја избришете !

master_cover_foto_1

На интернет се прошири нова измама. Овој пат, измамниците се обидуваат директно од корисниците да ги бараат личните податоци, претставувајќи се како “Еко банка”.

Во мејлот кој им стигнува на корисниците се бара целото име и презиме, бројот на трансакциската сметка, државата, градот, телефонскиот број, но и информации од пасош, лична карта или возачка дозвола.

Наводно тие податоци им се потребни за “Еко банка” да им испрати “Master Card” кредитна картичка.

За жал, многу корисници поверувале во ваквите е-мејлови, иако на прв поглед се забележува дека станува збор за измама.

Пораката стигнува од: [email protected].

mejl-prevara

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.