Идеологот на СДСМ Бранко Тричковски во својот Фејсбук пост изнесе досега невидени навреди кон граѓаните на општина Аеродром, но и кон сите Македонци.
Причината е затоа што Тричковски смета дека Македонија треба да прими 200.000 мигранти и да им обезбеди домување преку изградба на згради, станови и цели населби низ Македонија финансирани од буџетот, платени кирии, вработувања, поволни кредити, градинки, школарини…
-Тие петицијаши, кретенчуги, се еквивалент на сто цистерни со говна истурени меѓу Капитол и Бисер. Не, малку е. Тие смрдежи и даваат тон на општата слика и еве гледам дека не искачиле на самиот врв на Европа, пишува Тричковски.
Стратегијата предвидува најмалку 100 згради за мигрантите целосно покриени од Буџетот на РМ.
Во самата стратегија која е предложена од Владата на СДСМ и Зоран Заев и Министерството на Царовска стои дека до крајот на годината предвидено е почнување на 71 проект.
Во секторот „Домување“ се вели дека треба „да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.
Од општините се бара „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува а биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен.
Царовска, минатиот месец истакна дека Министерството и Владата целосно стојат зад овој документ.
Еден од главните идеолози на СДСМ, Бранко Тричковски преку пост на својот ФБ профил искажува полна омраза кон уставното име Република Македонија. Ваквиот статус на Тричковски им се допаѓа на членот на Извршниот одбор на СДСМ Аднан Џафероски и голем број членови на СДСМ.
-Болест. Уставното име ми е како херпес, како стомачен вирус, како сифилис, понекогаш го доживувам као астма и менингитис, ме тресе како кравјо лудило! Го мразам! Превртувам желки во дворот во надеж дека ќе го избркам од мојот живот, пишува Тричковски.
Ваквиот статус на Тричковски му се допаѓа на Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ од 2013 година.
Бранко Тричковски, новинарот близок до СДСМ продолжува своето скандалозно однесување. Тој е познат по своите колумни и Фејсбук статуси каде што со тешки навреди удира по сите кои ја сакаат Македонија.
Тој во својот пост повика на смрт на сите патриоти.
-Јас сум за војна во која ќе загинат сите патриоти, гласи статусот на Бранко Тричковски.
СДСМ на чело со Заев, Царовска и Ковачевски ја поддржуваат стратегијата за мигранти, од буџетот на РМ ќе се прават згради и населби за мигрантите, со вработување, кирии и стипендии
Владата на СДСМ со Стратегијата за бегалци и мигранти 2017/2027 се обврзува дека за истите ќе обезбеди домување со изградба на кампови, преку 100 згради и населби во кои ти ќе бидат сместени. Меѓудругото се обврзува дека ќе им обезбеди вработувања и плаќање на кирии доколку државата не обзебеди домување, социјална помош како и бесплатни курсеви по македонски и бесплатна здравствена заштита и образование . Полициските проверки ќе бидат омекнати со оправдување дека постои можност да немаат соодветна документација за престој во Македонија, а на мигрантите ќе им биде и овозможено олеснето добивање на македонско државјанство, пишува Република.
Врвот на СДСМ на чело со Зоран Заев дава целосна подршка на оваа стратегија и се заложува за целосна нејзниа имплементација во наредниот 10 години. Министерката за труд и социјала Мила Царовска во заедничката изјава која ја имаше со премиерот Заев во Штип на 21.07.2017 изјави ,, Ние стоиме позади тој документ дека тоа е само стратешка позиција на Македонија во делот на мигранти кои мораат да имаат обезбедено права соогласно меѓународни документи’’.
Во Акциониот план на Владата на СДСМ во секторот „Домување“ стои следново:
Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.
Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.
За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.
Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.
„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“
Советниците на СДСМ во општина Аеродром не ја отфрлија Нацрт стратегијата за мигранти
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ (15) на седницата гласале „ЗА“ неприфаќање на нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017 – 2027 година, како и Акциски план 2017 – 2027
Ова практично значи дека тие со молк одлучија да ја одобрат нацрт стратегија за интеграција на мигрантии бегалци со која меѓу другото се предвидува изградба на станови за нивно домување во земјава.
Извор: kurir.mk