Oливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива “Слобода, демократија, правда” им подлегнал на повредите, откако утрово било пукано на него во Косовска Митровица.
Ивановиќ имал повеќе прострелни рани во горниот дел од телото, а лекарите се обиделе да го реанимираат неуспешно.
Според пишувањата на српскиот портал “Информер” непознат убиец од зад грб испукал повеќе куршуми кон Ивановиќ, а еден од нив бил смртоносен за него.
Оливер Ивановиќ е убиен во класичен атентат кој утрово се случил во Косовска Митровица.