Италијански “Rai Sport” пренесува дека е покрената истрага поради сомнеж за убиство на капитенот на Фиорентина.
“Покренавме истрага против непознат сторител, поради сомнеж за убиство на Давиде Астори”, изјавил јавниот обвинител од Удине, Антонио Де Николо, на конференцијата за медиуми.
Давиде Астори (31) е пронајден мртов во хотелската соба во Удине, во пресрет на утакмицата против Удинезе. Безживотното тело го пронашол масерот околу 9 часот на утро.
“Чудно е што таков професионалец починал на овој начин. Немало никакви знаци дека има проблеми со срцето”, рекол јавниот обвинител од Удине, кој ги испрашувал сите кои имале контакт со Астори.