Џеј Зи за една ноќ потрошил 100.000 долари, а само да видите колкав бакшиш оставил на келнерот

Раперот Џеј Зи во њујоршки ресторан прославувал роденден на близок пријател, при што ја покажал својата „великодушност“. Цела ноќ се нарачувало шампањско (околу 40 шишиња), јастози и суши.

На крајот на ноќта, Џеј Зи и групата пријатели заедно направиле сметка од близу 100.000 долари, која раперот ја платил и оставил плус 11.000 долари бакшиш.

Повеќето обожаватели на социјалните мрежи се воодушевуваат на бакшишот што го оставил раперот, додека други коментирале дека напојницата е премала, затоа што била околу 14 отсто од вкупната сума, а вообичаено се оставало меѓу 15 до 20 отсто.

Џеј Зи после прославата во клубот Плејрум, пријателите ги одвел на вечера, која чинела 13.000 долари.

Раперот и неговата сопруга Бијонсе се познати по тоа што не штедат на подароци и забави со своето семејство и пријатели.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.