Ќулавкова: Дел од МАНУ и стручната заедница бараат Законот за јазици да се повлече од натамошна постапка

Академик Катица Ќулавкова преку својот Фејсбук профил  бара да се повлече од понатамошна постапка неуставниот закон за јазиците кој СДСМ и ДУИ насила го туркаат во Собрание.

Таа пренесува став на дел од членовите на МАНУ и други стручни лица порачувајќи дека прашањето за употреба на албанскиот јазик е правно затворено.

-Предлог на некои членови на МАНУ и претставници на стручната заедница од РМ: Да се повлече од натамошна постапка Предлог-законот за употреба на јазиците и, евентуално, да се пристапи кон измена и дополнување на постојниот Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа“ (2008; 2011), затоа што со истиот тој Закон веќе се остварени политичките заложби на Рамковниот договор и се конкретизирани решенијата од амандманот V на Уставот на РМ, поврзани со унапредувањето на статусот на албанскиот јазик и на јазиците на другите заедници во РМ. Според нас, прашањето за употребата на албанскиот јазик во РМ и јазиците на другите заедници, општо гледано, е правно затворено, објави Ќулавкова




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.